Македонија доби ново чудо од дете – 14 годишната Младеновска дебитираше за женската репрезентација

Македонската женска ракометна репрезентација доживеа пораз на почетокот на ЕХФ шампионатот откако загуби во Скопје од Црна Гора со 22-29. Нашите ракометарки на моменти покажуваа одлична игра против фаворизираните Црногорки, но немаа сили за изненадување.

Сепак добри вести за женската ракометна репрезентација е дебито на македонското „чудо од дете“, 14-годишната Ива Младеновскa која во 56. минута од мечот дебитираше за сениорскиот тим.

Младеновска која беше МВП на ЕХФ шампионатот до 17 години во кое нашите надежи го освоија златниот медал, можеше да дебитира со гол на големата сцена, но промаши пенал па следната шанса ќе ја има веќе на следниот натпревар против Црна Гора за три дена.

Се вчитува...