Македонија ги дозна противниците во квалификациите за ЕП 2021 за жени

Македонската женска А репрезентација се најде во Групата Г заедно со селекциите на Франција, Австрија, Србија и Казахстан за квалификациите за ЕП 2021. Денешната ждрепка во Нион сакаше Македонија да биде во една од најтешките групи во квалификацискиот циклус.

Квалификациите ќе се играат во периодот од август 2019 до септември 2020 година. Пласман на финалниот турнир ќе обезбедат сите победници од деветте квалификациски групи, како и трите најдобри второпласирани. Останатите шест второпласирани ќе играат бараж за пополнување на последните три места и приклучување кон диркетно квалификуваните и домаќините Англија.

Рекорден број од 47 репрезентации го пријавија своето учество во овие квалификации, кои за прв пат ќе се играат во ваков обем.

Се вчитува...