Македонија ги дозна ривалите за СП: Незгодна група во Магдебург

Македонската ракометна репрезентација повторно немаше премногу среќа при ждрепката на групите за СП, откако нашите ракометари се најдоа во групата Х за мундијалот што ќе се одржи следниот јануари во Германија.

Селекторот Лазаров и неговите избраници ќе бидат дел од групата Х што ќе се игра во Магдебург, каде нашите ракометари ќе се сретнат со Исланд, Бахреин и со Јапонија. Генерално, избегнавме потешки ривали од носителите, но затоа немавме среќа од последниот шешир, каде за ривал ја добивме Јапонија, најсилната селекција од тој ранг.

Бахреин е ривал што би требало да го добиеме и со тоа да обезбедиме пласман во Топ 3 и учество во следната фаза, но желба на сите дефинитивно ќе биде да се стигне и до најмалку една победа против Исланд и Јапонија, па да се пренесат бодови во главната рунда, каде ќе се сретнат со најдобрите три од групата Г во која се наоѓаат Данска, Словенија, САД и Ангола.

ГРУПА А – МИНХЕН: Германија, Србија,, Тунис, Уругвај.

ГРУПА Б – ШТУТГАРТ:  Египет, Италија, Зеленортски острови , Саудиска Арабија.

ГРУПА Ц – МИНХЕН: Хрватска, Шпанија, Чиле, Турција.

ГРУПА Д – ШТУТГАРТ: Аргентина, Франција, Бразил, Кувајт.

ГРУПА Е – КИЛ: Шведска, Норвешка, Грција, Катар.

ГРУПА Ф – МАГДЕБУРГ: Португалија, Ф. Острови , Полска , Алжир.

ГРУПА Г – КИЛ: Данска, Словенија , САД , Ангола.

ГРУПА Х – МАГДЕБУРГ: Исланд, Македонија, Бахраин , Јапонија.

Се вчитува...