Македонија ЃП го доведе младинскиот репрезентативен голман Христијан Стевковски

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП успеа да обезбеди квалитетно засилување на голманската позиција. Раководството на „лавовите“ го договори трансферот на младинскиот репрезентативец Христијан Стевковски кој досега го носеше дресот на второлигашот ФК Скопје. За него ова е одлична можност да се докаже и во прволигашка конкуренција.

Македонија ЃП ова лето се раздели со Марко Јовановски, кој најави дека ќе замине во странство.

Христијан Стевковски досега има два настапи за младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година и ќе биде значајно освежување за составот на Жикица Тасевски.

 

Се вчитува...