Македонија ЃП го претстави Денис Стошиќ

Македонија Ѓорче Петров и официјално го претстави Денис Стошиќ како ново засилување за новата сезона. За 21-годишникот ова ќе биде втор ангажман во нашата земја откако минатата сезона ја помина во штипска Брегалница.

Стошиќ фудбалската кариера ја почна во Германија. Ги помина младинските школи на Хофенхајм, а по една сезона играше во Ален, Карлсруе и Шпилберг.

„Лавовите“ претходно ги сочуваа и најискусните во тимот, капитенот Боби Божиновски и бугарскиот интернационалец Мартин Ковачев. Тие се договорија со раководството на клубот за продолжување на соработката за уште една година, а нови договори потпишаа и Филиповски и Адем.

Се вчитува...