Македонија ЃП го тресна Вардар, Работнички и Струга ТЛ ремизираа

Македонија ЃП оствари значајна победа над Вардар совладувајќи ги „црвено-црните“ со 2-1 на дуелот во Ѓорче Петров. Калид Абдул Басит беше стрелец на двата гола за „лавовите“ на овој меч, а Стефан Лазаревиќ погоди за Вардар.

Во втората минута Македонија ЃП славеше водство откако убаво беше проигран Калид Абдул Басит, а тој со силен удар од десетина метри го совлада голманот на Вардар. Гостите израмнија во 12.минута по шутот од далечина на Стефан Лазаревиќ. Тој со прецизен удар погоди во спротивниот агол од дваесетина метри.

Пред истекот на првиот дел, уште еден блесок на Калид Абдул Басит. Ѓорчепетровци по вторпат дојдоа до предност со погодокот на интернационалецот од Гана.

Работнички и Струга Трим Лум ремизираа 1-1 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Струѓани поведоа по добрата акција на Нијас Лена, кој го пронајде Дејан Цветановски во петерецот, а тој во 78.минута ја затресе мрежата на „романтичарите“. Но, во финишот, Работнички израмни со голот на Милош Тошески. По нафрлувањето од десната страна, Максимов шутираше со глава, топката дојде до Тошески, кој погоди од непосредна близина.

Се вчитува...