Македонија ЃП и Кристијан Стојкоски си подадоа рака за продолжување на соработката (ФОТО)

Македонија ЃП денеска објави дека ја продолжува соработката со Кристијан Стојкоски. Во пролетниот дел тој беше големо засилување за „лавовите“ откако се врати во матичниот клуб по одисејата која ја имаше во Шкупи, Академија Пандев и Работнички.

„Голема беше желбата да играм европски натпревари со клубот од детството, така да лесно беше да дојдеме до договор со управата. Како и секогаш ќе давам максимум за да и следната сезона биде успешна за мене и Ѓорче“, стои во изјавата на Фејсбук профилот на Македонија ЃП.

За потсетување клубот од Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија и ова лето ќе не претставува во Европа.

 

 

Се вчитува...