Македонија ЃП слави – По 13 години „лавовите“ првпат повторно го чувствуваат второто место во елитното друштво (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По цели 13 години, по онаа сезона 2008/09 кога стигнаа до шампионската титула, Македонија ЃП првпат го чувствува второто место на првенствената табела во елитното друштво.

„Лавовите“ со денешниот триумф од 1-0 над Работнички се пробија на втората позиција на табелата, барем до утрешните натпревари на Шкендија и на Академија Пандев.

Но, како и да е, јасно е дека Македонија ЃП до крај ќе се бори за европски излез преку прволигашките натпреварувања, иако за нив како опција секако останува и Купот на Македонија. Веќе во среда гостуваат против Струга ТЛ во полуфиналето на најмасовното домашно клупско натпреварување.

Денеска во Ѓорче Петров, пак, прв пораз и за Стојанче Игњатов на клупата на Работнички. По двете претходни победи откако го презеде кормилото на „романтичарите“, Игњатов сега со прв пораз.

 

 

Се вчитува...