Македонија игра, Бугарија води на полувремето во Разград (ВИДЕО)

ЕКИПА во Разград,

Владимир Булатовиќ

Македонија има негатива од 1-0 по првите 45 минути на гостувањето против Бугарија на „Хувефарма арена“ во Разград на отворањето на новата сезона од Лигата на нации. Македонската селекција има далеку поголем посед на топка, постојано се игра пред голот на домашните со далеку повеќе можности за погодок на избраниците на Благоја Милевски, но Бугарите се тие кои водат по единствената своја акција во првите 45 минути.

Првата вистинска можност на дуелот за Чурлинов уште во 6. минута. Елмас одлично го проигра по десната страна, продре на 16 метри пред голот на Бугарија, убаво шутираше но блокиран неговиот удар во корнер.

Но, веќе во 13. минута одлична акција на домашните. Двојно проигрување меѓу Десподов и Илиев, крилниот офанзивец Десподов продре пред голот на Димитриевски и со лоб го совлада за 1-0.

Во 21. минута 100% шанса за капитенот Енис Барди. Одлично продре на само 7-8 метри пред голот на Бугарите, испрати „бомба“ но домашниот голман со глава одбрани спречувајќи израмнување. Во 26. минута и Ашковски се обиде со шут од далечина, но повторно одбрани Михаилов.

До крајот на првото полувреме, обид на Спировски од далечина и убава можност на Елмас во 41. минута на вториот дирек по корнерот на Барди, но не успеа најдобро да ја зафати топката од неколку метри.

ЛИГА НА НАЦИИ (Ц ЛИГА – Група 4)
БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА (1-0)
Хувефарма арена во Разград. Гледачи: 8.000. Главен судија: Жером Пињар (Франција). Стрелци: Десподов 13′ (Б). Ж. картони: Миланов (Б).
БУГАРИЈА: Михаилов, Недјалков, А. Христов, Турицов, П. Христов, Крастев, Чочев, Неделев, Десподов, Миланов, Илиев
Селектор: Јасен Петров
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Алиоски, Велковски, Муслиу, Ашковски, Спировски, Барди, Елмас, Чурлинов, Трајковски, М. Ристовски
Селектор: Боби Милевски

Се вчитува...