Македонија извиси, не добивме вајлд-карта за СП 2021

Македонската ракометна репрезентација нема да биде дел од СП 2021 откако ИХФ реши да не им додели на „црвено-жолтите“ вајлд-карта за учество на претстојниот мундијал. Наместо Македонија, која беше логичен избор со оглед на пласманот на последниот европски шампионат, ИХФ им додели вајлд-карти на репрезентациите на Русија и на Полска.

Светската куќа на ракометот претходно ги откажа бараж-дуелите, давајќи автоматски пласман на Франција без воопшто да ги одигра натпреварите со Македонија. Сепак, во таборот на нашиот национален тим се надеваа на вајлд-карта со оглед на фактот дека беа следни на листата од пласманот на ЕП 2020, зад сите оние кои добија билети за учество токму врз база на пласманот на тој европски шампионат.

Сепак, челниците на ИХФ ги избраа Русија и Полска како селекции што според нив треба да добијат предност пред нашиот национален тим.

Со ова шансите се сведуваат на теорија, досега се познати 30 од 32-те земји учеснички на СП 2021 во Египет. Преостанатите две места се за Северна Америка и за Јужна и Средна Америка, каде апсолутни фаворити за пласман на Мундијалот преку квалификациски турнири се Чиле и САД.

Се вчитува...