Македонија ќе биде во групата Ц на ЕП, една група и од главната фаза ќе се игра во Скопје

Женската ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за настапот на Европското првенство на кое следната година сме домаќини. Европската ракометна федерација го објави распоредот за групите по кој Македонија сигурно ќе биде дел од Ц групата која ќе се игра токму во нашата земја.

Македонија е коорганизатор на овој шампионат заедно со Словенија и Црна Гора кои исто така ќе бидат домаќини на натпревари од првата групна фаза. Словенија ќе биде домаќин во Љубљана и Целје, додека Црна Гора во Подгорица.

Во втората фаза градови домаќини ќе бидат Скопје и Љубљана, додека завршницата на првенството ќе се одигра во главниот град на Словенија.

Шампионатот ќе се игра во периодот од 4. до 20. ноември следната година.

Се вчитува...