Македонија ќе игра „меч за мирот“ со Украина

Македонската фудбалска репрезентација наредниот месец ќе одигра пријателски натпревар против соодветната селекција на Украина.

Ова денеска го најави потпретседателот на Фудбалската Асоцијација на Украина, Олег Протасов, откривајќи дека се во завршна фаза подготовките за контролни средби со Франција и со Македонија. Овие мечеви треба да послужат како загревање за Украинците за бараж-дуелот за пласман на СП 2022 против селекцијата на Шкотска.

„Бараме квалитетни спаринг-партнери бидејќи наша цел не е само да играме, туку и да победиме на баражот и да се пласираме на СП. Преговараме со неколку држави за одржување на тренинг-камп на нивна територија, а договараме и средби со Франција и со Македонија. Деталите ќе ги соопштиме нешто подоцна, кога се ќе биде договорено“, изјави Протасов за  украинските медиуми.

Средбата најверојатно би била одиграна на крајот од месец мај, со оглед на фактот дека нашиот национален тим на стартот на јуни го очекува почетокот на новото издание на Лигата на Нации.

Се вчитува...