Македонија минимално поразена од фаворизираната Шпанија на ЕП до 16 години

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години одлично се прикажа во првиот натпревар на Европското првенство во Италија, откако со минимали 57-61 загуби од фаворизираната  Шпанија. Неискуството беше пресудно за поразот на нашите надежи кои беа егал со големата Шпанија. Лошиот шут за три поени, и 21 загубеа топка беа главниот фактор за овој пораз кој не треба да не разочарува.

Шпанците подобро го отворија мечот, во првата четвртина која на крајот ќе излезе клучна во мечот добивајќи ја со плус 7 (12-19). Во вториот период нашите надежи беа во егал со Шпанците, а на полувреме заминаа со негатива од 10 поени (26-36).

Во второто полувреме избраниците на Денис Дервишевиќ продолжија да им парираат на фаворизираните Шпанци и да не дозволат разликата да се зголеми. Блесокот следуваше во последниот дел од играта во кој Македонија одигра неверојатно во одбраната дозволувајќи им на Шпанците да постигнат само девет поени, а на 15 секунди до крај намалија на само минус два (57-59). Сепак во финишот Шпанците успеаја да ги реализираат слободните фрлања за конечна победа од 57-61.

Во нашиот табор најефикасен беше Андреј Митевски со 18 поени. Теодор Симиќ уфрли 11, надополнети со 9 скока, додека кај Шпанците најдобар беше Очоа Инаки Ордонез со 13 поени.

Се вчитува...