Македонија на нов мегдан за престиж со Шпанките

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска од 18 часот гостува на Шпанија во 4. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Македонија загуби во Скопје убедливо од Шпанките со 31-19, а сега во Ланзароте, извлекувајќи поуки од меѓусебната средба од пред неколку денови, ќе се обиде повторно да се надигрува со големиот фаворит, секако без притисок околу крајниот исход.

Македонската селекција ќе биде без искусните Елена Ѓоргиевска и Јована Саздовска на денешниот дуел, како и без голманката Слободанка Кицевска.

Македонија веќе е на чекор од пласман на Европското првенство 2024, откако во првите два натпревари во групата славеше против Литванија и Азербејџан. За избраничките на Кристијан Грчевски, по овој меч со Шпанија, токму следните пресметки со Литванија и Азербејџан треба да го визираат патот на собирот на најдобрите на Стариот континент.

Се вчитува...