Македонија остана на 133.место на ФИФА – листата

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 133.место и на најновото издание на ранкингот на ФИФА. Со оглед дека немаше репрезентативни активности изминатиот месец, има само минимални промени на одредени позиции на новата листа.

Од селекциите кои се наоѓаат во нашата квалификациска група за СП 2018, Шпанија остана на десеттата позиција, Италија е рангирана две позиции подолу, следи селекцијата на Израел на 63.место, Албанија е 66-та, а Лихтенштајн се наоѓа на 189.место на листата на ФИФА.

Бразил и понатаму е најдоброрангирана селекција во светот, пред Аргентина и Германија, а во првата „десетка“ се уште и репрезентациите на Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и на Шпанија.

Се вчитува...