Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 62. место на најновата ФИФА ранг-листа. „Црвено-жолтите“ вчера со првиот собир ја почнаа „Операцијата ЕВРО 2020“, а токму натпреварите на Европското првенство ќе бидат клучни за следниот ранкинг кој ќе го има Светската фудбалска федерација.
Од противниците на Македонија на континенталното првенство најдобро рангирана е Холандија која е 16. Потоа следува Австрија која е 23, додека најслабо рангирана е Украина која во моментов се наоѓа на 24. место.
На врвот исто така нема промени. Белгија е прва, а во топ 5 следуваат уште, Франција, Бразил, Англија и Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА