Македонија со 21 каратист на Балканското првенство во Подгорица

Македонија ќе настапи со 21 каратист на Балканското првенство за сениори кое од денеска стартува во Подгорица, Црна Гора.

Макеоднија на балканскиот шампионат ќе је преставуваат во машка конкуренција: Вахик Весели (-60 кг), Емил Павлов (-67 кг), Давид Петков (-67 кг), Димитар Лозаноски (-67кг), Петар Заборски (- 75 кг), Михајлов Љупче (-75 кг), Мурсел Мисини (-75 кг), Петар Спасеновски (-84 кг), Витомир Трајковски (-84кг), Данило Божовиќ (-84 кг) и Вегим Мурати (+84 кг).

Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат Теодора Цветковска (-50 кг), Михаела Мишовска (-50 кг), Марија Петковска (-50 кг), Симона Заборска (-55 кг), Викторија Јовановска (-61 кг), Вероника Костовска (-61 кг), Јована Мицовска (-61 кг) и Ангела Мојсовска (-68 кг).

Машки кумите тим го сочинуваат Хаџи Кимов, Михајлов, Мисини, Павлов, Спасеновски, Трајковски и Заборски, а во женски кумите тим се Јовановска, Костовска, Мојсовска и Заборска.

На Балканското првенство ќе настапат 275 каратисти со 298 натпреварувачки влезови од 13 држави.

Се вчитува...