Македонија со четворица кик-боксери на СП за јуниори во Италија

Македонската кик-бокс репрезентација ќе учествува со четворица натпреварувачи на Светското првенство за кадети и јуниори на ВАКО во Лидо Ди Јесело, Италија, кое ќе се одржува до 23. септември.

На списокот на селекторот Дејан Митровски-Урко се: Викторија Варадинова, Леа Бошевска, Дарко Најдов и Никола Нацев.

„Поради немањето на доволно финансиски средства македонската кикбокс маи-таи репрезентација отпатува со двајца тренери и четворица натпреварувачи на СП во Италија. Како тренери сме јас и Драган Атанасовски, како и репрезентативците Викторија Варадинова, Леа Бошевска, Дарко Најдов и Никола Нацев“ – истакна пред заминување Дејан Митровски-Урко.

Се вчитува...