Македонија со фудбалската селекција до 20 години ќе учествува на Медитеранските игри во Таранто – Таневски го соопшти списокот!

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со Мароко, Тунис и Турција.

Избраниците на селекторот Александар Таневски ги очекуваат три натпревари во групата, а настапот во Таранто ќе биде значајно меѓународно искуство за македонските фудбалери.

Македонија е во Групата А, заедно со Мароко (26.08), Тунис (22.08) и Турција (24.08). Целта во групната фаза ќе биде да се обезбеди што подобар пласман и место во завршницата на турнирот.

Селекорот Александар Таневски за натпреварите во Таранто ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Стефан Јованоски (Млада Болеслав, Чешка), Давид Илоски (Пелистер);

Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Давид Голубов (Детонит), Лука Атанасовски (Тетекс), Андреј Велков (Тиквеш), Андреј Мурџески (Скопје);

Среден ред: Омар Беровиќ (Скопје), Никола Манојлов (Силекс), Виктор Делов (Беласица), Емир Шаботиќ (Детонит), Харун Незировски (Хелсинборг);

Напад: Димитар Данев (Вардар), Салим Арифи (Митровица), Марко Николовски (Охрид Лихнидос), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Андреј Стојановски (Скопје).

Се вчитува...