Македонија, со голот на Рочи, води во Софија против Бугарија во Лигата на нации

Македонската женска репрезентација има водство од 0-1 против Бугарија во Софија на полувремето од последниот натпревар во Лигата Ц од УЕФА Лигата на нации.

Составот на Кирил Изов игра далеку подобро од домаќините низ првите 45 минути доаѓајќи до предноста со голот на Гентијана Рочи уште во 11. минутаод средбата.

Македонија во Софија на стадионот „Васил Левски“ атакува кон првата своја победа во Групата 5 од Лигата на нации. Досега македонската селекција во трите настапи забележа исто толку порази, два од Косово и еден од Бугарија во Скопје.

Се вчитува...