Македонија со ист пласман и на најновата ФИФА ранг-листа

Македонската фудбалска репрезентација се задржа на 69. место на најновата ранг-листа на ФИФА што денеска беше објавена од страна на светската куќа на фудбалот.

Очекувано, промени има само кај дел од селекциите кои настапуваат на ова светско првенство, па така Гана има скок од осум места и сега е пред нашиот национален тим (65. позиција), додека Јордан забележа пад од десет позиции и сега се наоѓа на 73. место.

Веднаш пред Македонија на 68. место се наоѓаат Албанија и Обединетите Арапски Емирати, а зад нашиот национален тим на најновото рангирање следат Северна Ирска, Јамајка, Грузија…

Врвот се уште е резервиран за репрезентацијата на Франција, пред Аргентина и Шпанија. Во Топ 10 листата, Португалија забележа пад од две места и падна на седмата позиција откако беше мината од Бразил и од Мароко.

Се вчитува...