Пад за две места за репрезентацијата на Македонија на најновата ФИФА листа. Нерешниот резултат со БиХ и убедливиот пораз од Турција со 4-0 придонесоа селекцијата да се најде на 69. место на светскиот рејтинг.
Капе Верде и Обединетите Арапски Емирати се искачија пред Македонија на листата, и покрај тоа што Капе Верде утре игра пријателски меч пред настапите на Мундијалот.
Има промена на врвот на листата. Аргентина се врати на првото место, откако ги прескокна Франција и Шпанија. „Фуријата“ е втора, додека Франција сега е трета светска селекција. Во првите 10 се уште и Англија, Португалија, Бразил, Мароко, Холандија, Белгија и Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
