Македонија со седум репрезентативци на ЕП во традиционално карате

Македонската репрезентација во традиционално карате од денеска па до 16. јуни ќе учествува на официјалниот 34. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети во Питешти, Романија.

Нашата репрезентација ја предводи најдобриот каратист Дејан Недев кој ќе настапи во сениорска конкуренција заедно со Матеј Ангеловски и Јадранка Недева.

Во младинска, јуниорска и кадетска конкуренција ќе настапат Петар Костов, Мила Саздова и Антонија Белазелкоска, а пак во категоријата ветерани ќе настапи Ристо Сакалиев од КК Кавадарци.

Со екипата патува и селекторот на репрезентацијата во традиционално карате, проф. Венцислав Недев.

Се вчитува...