Македонија со тројца боксери на националниот куп „Врбас 2019“

Кадетската репрезентација на Македонија од денеска до недела ќе настапи на националниот Куп во Врбас,  турнир со меѓународен карактер од А категоријата.
Македонија ќе ја претставуваат тројца боксери и тоа, Илхан и Ајхан Озмен кои живеат  и тренираат во Германија и Ардијан Аземи,  кој оваа година  победи на престижниот турнир „Емил Жечев“ во Бугарија а не претставуваше и на ЕП во Галати.
Илхан Озмен ќе настапи во категоријата 60 кг., Ајхан Озмен во категоријата 66 кг. и Ардијан Аземи во категоријата +80 кг.
Тренери на репрезентацијата  се  Васко Цубалевски и Насер Харуни а во составот на делегацијата е и националниот судија, Стефан Цубалевски.

Се вчитува...