Македонија со тројца боксери на „Војвоѓанска ракавица“ во Суботица

Македонската јуниорска боксерска репрезентација ќе настапи со тројца боксери на престижниот меѓународен турнир „Војвоѓанска ракавица“ кој од денеска почнува во Суботица, Србија.
Македонија ќе ја претставуваат Ферид Хоџа, Александар Ристовски и Хурмет Јонузов. Сите тројца стартуваат денеска со натпреварите. Хоџа за противник го има Гал Сепик од Словенија во категоријата 69 кг,  во истата категорија ќе боксува  и Александар Ристовски против Милош Красниќи од Црна Гора, а Хурмет Јонузов во четвртфиналето за противник го доби Сома Местер од Унгарија во категоријата 75 кг.
Овој турнир на кој ќе учествуваат  190 боксери во двете конкуренции ќе биде добра проверка пред настапот на Европското првенство за јуниори кое во септември ќе се одржи во Софија, Бугарија.

Се вчитува...