Македонската пливачка репрезентација следниот викенд, од 3. до 5. мај, ќе биде дел од младинската Балканијада која ќе се одржи во Сараево, БиХ.
Македонија на Балканското првенство ќе ја претставуваат тројца пливач(к)и, Иван Симоновски, Ана Јаневска и Миа Крстевска.
„Верувам дека ќе имаме успешен настап на Балканското првенство. Очекуваме секако и медал од оваа Балканијада“ – вели претседателот на ПФМ, Александар Маленко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА