Македонија У20 поразена од Универзитетскиот тим на САД

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години со пораз од Универзитетскиот тим на САД од 85-100 го започна турнирот во Скопје кој ќе служи како подготовка за престојниот „Челинџер“ на ФИБА.

По изедначената прва четвртина (15-18), Американците почнаа да ги користат грешките и изубените топки на „црвено-жолтите“ со што веќе до полувремето повеедоа со 33-47. Високиот ритам на натпреварот продолжи и во вторите 20. минути, а на крајот Универзитетскиот тим дополнително ја зголеми предноста.

Љубиша Димитриовски беше првото име кај Македонија со 19 поени и 3 скока, а него го следеше Лејсон Зекири со 18 поени и 4 скока. Марко Миловановиќ додаде 13 поени. Ајзеа Смол беше предводник на Американците со 25 поени, 5 скока и 5 асистенции, додека Крајер додаде 23 поени и 5 асистенции.

Утре нашата репрезентација до 18 години од 20 часот силите ќе си ги одмери со истиот противник.

Се вчитува...