Македонија во репасаж за екипна бронза на СП во Мадрид

Машката карате репрезентација доби можност преку репасажот да се бори за бронзениот медал на Светското сениорско првенство кое во моментов се одржува во Мадрид, Шпанија.

Македонската селекција во првите две кола запиша победи против Израел (3-0) и против Бразил (3-0), за да во четвртфиналето загуби од Турција со 1-3. Но триумфот на Турците против Иран во полуфиналето на шампионатот донесе за македонските каратисти репасаж преку кој ќе се обидат да стигнат до бронзата.

Во репасажот Македонија ја очекува мечот против селекцијата на Јапонија, а доколку се триумфира потоа ќе следи мечот за бронзата против Азербејџан.

Македонија остана без медал по натпреварите во поединечна конкуренција, па машката селекција сега останува последна шанса за медал од СП.

Се вчитува...