Македонија засилена со Мицевска, Дабевска и Гичевска во составот кон победа во Литванија

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска од 15 часот и гостува на Литванија во второто квалификациско коло за пласман на Европското првенство 2024. Еден од клучните натпревари на Македонија во квалификациите, ако се знае дека со победа и тоа како веќе се завршува поголемиот дел од задачата за една од првите две позиции во групата кои водат на ЕП.

По убедливата победа против Азербејџан во Скопје на чело со новиот селектор Кристијан Грчевски, и тоа како апетите се за нов триумф денеска и против Литванките.

Токму во желбата за нова победа, селекторот Грчевски со дополнителни измени во составот, па засилувајќи го тимот, во однос на дуелот со Азербејџанките, сега ги враќа Мицевска на голот, а во составот ќе бидат и Дабевска и Гичевска.

Македонија е во група и со Шпанија која е водечки фаворит за освојување на првото место во групата. Првопласираните две репрезентации од групата ќе играат на Европското првенство 2024.

Се вчитува...