Македонска хероина: Андонова влезе од клупа и го одведе Леванте во финале

Наташа Андонова е меѓу најзаслужните што Леванте успеа да се пласира во финалето од Супер-купот на Шпанија, откако тимот на македонската фудбалерка вечерва славеше во полуфиналната пресметка против Луго со 3-1.

Андонова влезе во игра во 64. минута, а само осум минути подоцна Македонката одлично се снајде во противничкиот шеснаестник и со прецизен удар погоди за 3-1, ставајќи печат на големата победа.

Ривал во финалето на Андонова и Леванте ќе биде победникот од дуелот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

Се вчитува...