Македонската спортска легенда Томи Стефановски ја доби наградата „Климе Савин“ за 2023 година (ФОТО)

Најдобрите светски маратонци утре ќе бидат дел од 36-то издание на Охридскиот пливачки маратон кој стартува од 10 часот во Свети Наум и ќе се плива на патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри до Кејот Македонија во Охрид, а сето тоа како круна на „Фестивалот на вода 2023“ кој првпат годинава се организира во најголемиот македонски туристички центар.

Синоќа во рамките на „Фестивалот на вода – Ohrid Water festival 2023“, беа претставени сите 15 учесници на годинашниот маратон на кој ќе учествуваат вкупно 15 пливачи од шест држави, Аргентина со двајца пливачи, Италија со тројца, Турција со двајца, Холандија и Франција со по еден пливач и домаќинот Македонија со шест пливачи. Во женска конкуренција учествуваат шест пливачки, во машка – девет, а ќе бидат предводени од Италијанецот Алесио Очипинти, трет од Светското првенство во маратонско пливање, како и европската шампионка Каролин Жуис од Франција. Најголемиот адут на Македонија секако е Евгениј Поп Ацев.

Стефановски наградата ја доби од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој истакна дека му е чест што признанието го доделува на човек кој има толку многу дадено за развојот и промоцијата на маратонот, затоа што Охридскиот пливачки маратон е вистинска гордост за локалната заедница и државата, кој го насочува вниманието кон спортот и физичката активност, а од друга страна го поддржува туризмот и свеста за природното богатство и непроценливото културно наследство.

Организаторот додели признанија за поддршка на Охридскиот пливачки маратон на Костал, ЈК Травел и на спортскиот коментатор во пензија Атанас Костовски.

Наградниот фонд изнесува 12 илјади евра распоредени за прво место 2.500 евра, второ место 1.500 евра и трето место 1.000 евра. Новина оваа година се два летечки спринта со награда од по 500 евра во машка и женска конкуренција.

ФОТО: www.ohridnews.com

Се вчитува...