Македонската женска селекција не доби вајлд-карта за учество на Светското првенство

Македонската женска ракометна репрезентација ја загуби и последната надеж за евентуално учество на Светското првенство откако не доби вајлд-карта од Интернацијалната ракометна федерација.

ИХФ се одлучи вајлд-картите за учество на Мундијалот да ги додели на Австрија и Исланд, иако како опција беше и Македонија.

И претходно можеше да се очекува дека Австрија ќе ја добие едната вајлд-карта, но неочекувана е одлуката да се пушти Исланд на Светското првенство, ако се знае дека има послаб ранкинг од македонската репрезентација.

Светското ракометно првенство за жеби се игра од 29. ноември до 17. декември во Данска, Шведска и Норвешка.

Се вчитува...