Македонската женска тениска селекција со најголем скок на ранг-листата: Сега е на 49. место во светот!

Женската репрезентација на Македонија забележа најголем скок на последното рангирање на ранг листата на репрезентациите кои се натпреваруваат во Били Џин Кинг купот. Македонија има скок од 23 места и сега се наоѓа на 49.то место во светот што е и најдобар ранг. Покрај Македонија и Киргистан има скок од 23 места и се наоѓа на 75-та позиција.

Добрите игри и резултатите во Вилнус го донесоа овој ранг (49.место) со вкупно 373 поени. Разликата меѓу Македонија и Грузија која е пред нас на ранг листата е минимална односно само половина поен – Грузија има 375,50 поени.

Воедно нашата репрезентација е рангирана како 30-та во Евро-африканската зона. Првите 30 репрезентации сите се од Европа.

На првите пет места на ранг листата се наоѓаат репрезентациите на Канада, Чешка, Италија, Австралија и САД.

Се вчитува...