Македонскиот вицешампион, КК Скопје, кој минатаата сезона се натпреваруваше под името КК Маџари, одлучи да се откаже од настапот во АБА 2 лигата во натпреварувачката сезона 2026/27.
АБА лигата денеска официјално испратија информација до сите клубови кои учествуваат во натпреварувањето дека КК Скопје се повлекува од натпреварувањето.
Претходно, Собранието на АБА лигата на состанокот одржан на 10 септември донесе одлука, испразнетото место да не биде пополнето со друга екипа.
Па, АБА 2 лигата низ престојната сезона ќе се игра со преостанатите клубови, согласно утврдениот систем на натпреварување, составот на групите и распоредот на натпреварите, со тоа што единствено групата А, во која требаше да биде Скопје ќе брои само три екипи, додека групата Б, во која е ТФТ ќе брои пет екипи. Другите две групи имаат по четири екипи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
