Македонските каратисти освоија 18 медали на Балканското првенство во Дубровник

Македонските каратисти се враќаат со шест златни, три сребрени и девет бронзени медали од 31. Балканско првенство за кадети, јуниори и за постари јуниори што се одржа во Дубровник, Хрватска. Со вкупно 18 одличја, продолжен е континуитетот на одлични резултати на балканските натпреварувања.

Златни медали освоија Вероника Костовска (- 61 кг), Омер Мусљији (- 63 кг), Абдурахим Идризи (- 55 кг), Доан Османи (- 75 кг) и Петар Спасеновски (- 84 кг) во конкуренција на борби.

Сребрени одличја им припаднаа Марко Бунтески во кати и Столе Смилковски (- 60 кг) во борби, а „бронзени“ станаа Александар Неделковски (кати), Матеа Талеска (кати), Верона Ајдини (- 50 кг), Сара Крстевска (- 55 кг), Марија Милева (- 53 кг), Фаик Весели (- 60 кг), Стефан Апостолов (- 67 кг), Бојан Костов (- 52 кг) и Глигор Петков (+76 кг), сите во борби.

Се вчитува...