Македонските каратисти со осум медали од ЕП во Романија

Македонската репрезентација во традиционално карате на ЕП во Питешти, Романија имаше одличен настап освојуваќи вкупно осум медали, од кои три златни, две сребрени и три бронзени.

Златните медали ги освоија Дејан Недев и Јадранка Недеви во кати за сениори, Мила Саздова во кого кумите, сребрени медали освоија Матеј Ангеловски во кого кумите и Мила Саздова во фукуго. Бронзени медали освоија Ристо Сакалиев во кумите за ветерани и Антонија Белазелкоска во кати и фукуго во кадетска конкуренција.

Европското Првенство го отвори Министерот за спорт и млади на Романија, Богдан Матеи, а првенството беше организирано на Универзитетот Питешти на највисоко ниво. На ЕП учествуваа 387 натпреварувачи од 24 земји.

Се вчитува...