Македонските кикбоксери, масовно како никогаш досега, на меѓународниот турнир во Јагодина (ФОТО)

Македонските кикбоксери масовно како никогаш досега викендов учествуваат на Меѓународниот турнир „Балкан Бест Фајтер“ кој се одржува во Јагодина, Србија.

Македонија на турнирот ќе настапи со 191 натпреварувач кои ги водат 31 тренер и пет судии.

На турнирот ќе настапат 472 учесници со 506 влезови на натпреварувачи од различни земји од Балканот, меѓу кои Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Бугарија и Молдавија.

Се вчитува...