Македонските ракометарки на домашен терен ќе се борат за бараж за СП 2019

Македонија ќе биде домаќин на групата 4 од квалификациите за женското ракометно СП 2019 во женска конкуренција. Македонските ракометарки ќе имаат можност на домашен терен да се борат за место во баражот за СП, во групата во која се уште и селекциите на Турција, Исланд и на Азербејџан.

На ЕХФ Конгресот во Глазгов минатиот месец беа извлечени групите од квалификациите за СП 2019, а денеска во Виена беа одредени организаторите на квалификациските турнири.

Според календарот на ЕХФ, квалификациските натпревари ќе се играат во периодот од 30 ноември до 2 декември, а од РФМ информираа дека дополнително ќе биде одредена сатницата и салата во која ќе се играат натпреварите.

Победниците од четирите квалифиакциски групи и најдобрата второпласираната репрезентација обезбедуваат пласман во баражот за СП 2019 што ќе се одиграат во јуни наредната година. Светското првенство ќе се одржи во Јапонија на крајот од ноември и почетокот на декември 2019.

Се вчитува...