Македонско „чудо од дете“: Тошевски од Работнички потпиша за Ростов

Македонското „чудо од дете“, Давид Тошевски, го напушта Работнички и се сели во редовите на рускиот прволигаш Ростов. За услугите на суперталентираниот 18-годишен фудбалер се интересираа бројни клубови ширум Европа, сериозна понуда имаше и француски Лил, но рускиот клуб беше најконкретен во обидите и успеа да го комплетира трансферот.

„Можеме да потврдиме дека е постигнат договор меѓу Ростов и Работнички за трансферот на Давид Тошевски. Потпишавме петгодишен договор со овој 18-годишен фудбалер. Му посакуваме добредојде на Давид и му посакуваме блескава иднина во сино-жолтиот дрес“, објави Ростов на официјалната веб-страница.

Висината на трансферот не е обелоденета во јавноста, но руските медиуми шпекулираат дека Ростов платил милионска сума за да го доведе македонскиот суперталент во своите редови.

Тошевски на 18-годишна возраст веќе има 21 натпревар во прволигашка конкуренција, при што има постигнато пет гола и три асистенции.

Се вчитува...