Македонското чудо од дете ќе го има своето деби во ЛШ

Македонската ракометно чудо од дете и една од најталентираните млади ракометарки во Европа, Ива Младеновски утре ќе го има своето деби во елитната Лига на шампионите во дресот на францускиот Брест Бретањ.

Младеновска е во составот на Брест за дуелот против Савехов и конечно ќе го дочека своето деби во елитата една година по потписот со францускиот прволигаш.

Францускиот тим се наоѓа на четвртото место на табелата во групата А, додека противникот е последен, па тренерот на тимот Пабло Морел се одлучи да одмори две стандардни ракометарки.

Се вчитува...