Макс Франц изненадувачки победник на спустот во Лејк Луис

Австриецот Макс Франц е победник на првиот супст во сезоната од Алпскиот светски скијачки куп. Триумфираше на трката во најбрзата дисциплина во канадскиот центар Лејк Луис. За Франц, кој не е во кругот на најголемите фаворити, ова е само втора победа во кариерата. Првата му е од пред две години во Вал Гардена.

Италијанецот Кристоф Инерхофер заостана 28 стотинки на второто место, а неговиот сонародник Доминик Парис имаше трет резултат. Најдобриот во спуст од минатата сезона Беат Фојц беше само шестопласиран.

Утре во Лејк Луис ќе се вози супервелеслалом.

 

 

Се вчитува...