Милан овие месеци напорно и интензивно работи на продолжување на договорите на двајца првотимци, а тоа се Рафаел Леао и Исмаел Бенасер, чии соработки истекуваат во јуни 2024 година.
Португалецот е приоритет на „росонерите“, па директорот и прв оперативец во клубот Паоло Малдини вели дека е уверен во продолжување на соработката со фантастичното крило.
„Рафаел е благодарен на Милан и разбира дека најдобриот пат кон неговата светла иднина е тука во Милан. Да, верувам дека нова соработка е можна. Не се грижам околу гласините за новиот договор, најважно е она што Рафа ни го кажува нам“, изјави Малдини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА