Маленко повторно запишан како претседетел на ПФМ, Нашков – избришан!

Ќе заврши ли конечно „пиши-бриши“ играта во Централниот регистар на РМ околу Пливачката федерација на Македонија?

Откако на почетокот од минатиот месец ЦРМ најпрво го потврди Александар Маленко за претседателот на ПФМ, само еден ден подоцна беше избришан и на негово место запишан Дарко Нашков. По тој чин, Маленко најави тужба пред домашните судски органи за сите инволвирани во, според него, незаконската промена на овластено лице и се заканува со судска битка и пред Меѓународниот спортски суд во Лозана…

„И тоа како ќе одговарате пред Меѓународниот спортски суд во Лозана. Сите државни функционери инволвирани во кршење на државните закони по предмет ‘Пливачка федерација на Македонија – Централен Регистар’, и промена на овластено лице во 15 часа без никаква валидна документација и печат!!!“ – истакна на 5. јуни Александар Маленко.

 

Па, сега еден месец потоа, со решение од 2. јули објавено во официјалните извештаи на Централниот регистар на Македонија, Александар Маленко повторно е запишан како претседател на Пливачката федерација на Македонија, а избришан Дарко Нашков… Дали е за последен пат ваквата промена, ако се знаат целокупните случувања во македонското пливање последниве месеци, тешко е да се каже…

 

Се вчитува...