Маленко: Централен Регистар не е надлежен за легитимност на функцијата претседател на ПФСМ

Проблемите во пливањето никако да завршат. Напротив, се продлабочуваат. Со реакција се јави претседателот на Пливачката федерација на Северна Македонија, Александар Маленко, кој тврди дека Централниот Регистар не е надележен за легитимност на функцијата што тој ја извршува.

Потенцира и дека Агенцијата за млади и спорт не е надлежна да дава решение за дејност спорт – пливање на правни субјекти или лица кои немаат официјална потврда за активност во матичната федерација, односно ПФСМ.

Маленко ова соопштение го испратил до претседателот, владата, премиерот, советникот за спорт на премиерот на државата, до Македонскиот Олимписки Комитет, до Агенцијата за млади и спорт и до Централниот регистар. Во него се вели:

Се вчитува...