Манасков: Секој дуел со Грција е мотив плус за нас

Релаксирана е атмосферата во македонскиот национален тим во пресрет на дуелот со Грција. Двете селекции се наоѓаат во ист хотел на пет километри од Кожани, каде во 16 часот ќе излезат на мегдан во рамките од второто квалификациско коло за ЕП 2020. По бледата игра со Турција, нашите репрезентативци најавуваат многу подобро издание на денешниот натпревар, на кој фактот дека играме со јужниот сосед претставува дополнителен мотив.

„Дуелите со Грција дефинитивно се мотив плус за секој од нас. Секако дека очекуваме победа, знаеме дека сме подобри од противникот и ќе требаме тоа да го докажеме и на терен“ –  истакнува Дејан Манасков.

За потсетување, Грција и Македонија се сретнаа пред неколку години во рамките од квалификациите за СП во Катар, кога нашиот национален тим славеше во Атина со 25-27, за потоа да ја потврди фаворитската улога со убедлива победа во Скопје од 35-23.

Се вчитува...