Манчестер јунајтед нема намера да запре со трошењето пари во овој преоден рок, а следен на листата приоритети на Рубен Аморим е нов голман. „Црвените ѓаволи“ беа поврзувани со Емилијано Мартинез, но експресно се откажаа од таа намера, а последните информации говорат дека Јунајтед е многу блиску до потпис со белгискиот репрезентативец Сене Ламерс.
Станува збор за чувар на мрежата на тимот на Антверпен, кој на 19-годишна возраст дебитирал во белгиското првенство како член на Бриж, по што во 2023 следел трансфер во редовите на Антверпен. Ламерс важи за еден од најдобрите голмани во белгискиот шампионат, воедно и не е премногу скапа опција, што го прави идеален кандидат за Манчестер Јунајтед. Англискиот гигант начелно ги има договорено личните услови со самиот голманот, а во следните денови ќе се интензивираат и преговорите меѓу клубовите.
Јавна тајна е дека Рубен Аморим воопшто не е задоволен од формата на Андре Онана. Затоа и шанса во првото коло доби Турчинот Алтај Бајиндир, но ниту тој не се прослави, беше директен виновник за голот што значеше пораз од Арсенал, што беше причина челниците на Јунајтед да ја интензивираат потрагата по нов голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

