Манчестер јунајтед во последен момент го доведе Марсел Сабицер

Австрискиот фудбалер од средниот ред Марсел Сабицер до крајот на сезоната ќе биде на позајмица во Манчестер јунајтед од редовите на Баерн Минхен.

28-годишниот Сабицер, кој за 15 милиони евра пристигна од Лајпциг во Баерн, сега во последен момент од преодниот рок се договори за позајмица во Манчестер јунајтед.

„Некогаш во животот мора да носите брзи одлуки. Од моментот кога слушнав за оваа можност, знаев дека е добра за мене. Јас сум играч кој сака да победува и мислам дека можам да му помогнам на Јунајтед да дојде до своите цели оваа сезона. Навистина сум возбуден“ – истакна Сабицер по пристигнувањето во Манчестер.

Оваа сезона има 24 настапи во сите натпреварувања, главно како резервен играч. Вкупно за Баерн има 54 настапи постигнувајќи и два погодоци.

Се вчитува...