Манчестер Сити без Родри на стартот на сезоната

Добитникот на „Златната топка“, Родри, ќе отсуствува од терените најмалку до средината на септември, откако заработи сериозна повреда на натпреварот против Ал-Хилал.

Манчестер Сити планира да му понуди нов договор, со кој шпанскиот репрезентативец би останал во клубот до летото 2029 година.

„Родри е во процес на опоравување, но повредата што ја заработи против Ал-Хилал е сериозна. Веќе тренира подобро и се надеваме дека по паузата за натпреварите на националните селекции ќе се врати во одлична форма“, изјави менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

Родри ја пропушти речиси целата мината сезона поради тешка повреда на лигаментите. Се врати во финишот од минатата сезона, но сега одново ќе мора да паузира најмалку еден месец.

Се вчитува...