Манчестер сити го прегази Арсенал и го освои Лига – купот на Англија

Манчестер сити уште еднаш ја покажа својата класа, совладувајќи го Арсенал со 3-0 на „Вембли“ во финалето на Лига – купот на Англија. „Граѓаните“ беа доминантни во текот на целиот меч, а иако Обамејанг прв влезе во шанса, сепак, Серхио Агуеро го отвори резултатот во 18.минута со одличен лоб – удар.

Винсент Компани во 58.минута го зголеми водството на Манчестер сити на 2-0, а Давид Силва седум минути подоцна стави крај на сите надежи на Арсенал дека може да се врати резултатски на овој меч.

Се вчитува...