Манчини: Не знам како останав селектор по поразот од Македонија

Роберто Манчини успеа да ја одведе Италија до завршниот турнир од Лигата на Нации, но селекторот на „аѕурите“ се уште не може да го преболи својот најголем тренерски неуспех, поразот од Македонија во баражот за влез на СП 2022.

„Да бидам искрен, не знам како останав селектор п поразот од Македонија. Тогаш буквално се беше против нас и бев подготвен да си заминам, да свртам нов лист. Од денешна перспектива, сметам дека не згрешив бидејќи се вративме на посакуваните патеки. Да не ја заборавиме радоста што ја доживеавме со кревањето на пехарот на ЕВРО 2020, сега треба да почекаме неколку години и верувам дека повторно ќе ги доживееме истите емоции“, изјави Манчини.

Тој се осврна и на завршните две средби од Лигата на Нации, откако Италија со победите над Англија и над Унгарија стигна до првото место во групата.

„Среќни сме што стигнавме до тоа прво место, особено по сето она што го доживеавме по елиминацијата во баражот за СП. Ја добивме Англија на Сан Сиро, ја победивме и Унгарија, која играше одлично во текот на целата групна фаза. Момците покажаа карактер, се издигнаа над сите проблеми и стигнаа до големи победи, покажувајќи дека Италија е подготвена да се врати на големата сцена“, прокоментира италијанскиот селектор.

Се вчитува...